Откупот на тутунот продолжува, неоткупени околу 400 тони

Bez autora
Mar 16 2011

Вкупно 24.800 тони тутун од реколтата 2010 се преземени до вчера кога и официјално заврши законскиот рок за откуп. Според Сојузот на тутунските здруженија неоткупени остануваат уште 400 тони тутун. Производителите не се задоволни од просечната цена која достигна 143 денари за килограм, а за нецелосно реализираниот откуп во законски предвидениот рок ги обвинуваат компаниите. Дел од нив не го испочитувале договореното, откупиле помалку од пријавеното, но правеле и калкулации со квалитетот. Откупот на тутунот ќе продолжи додека не се преземе целото количество. Откупен ќе биде и родот на оние производители што немаат склучено договори. Тутунарите денеска во Министерството за земјоделство треба да се сретнат со откупувачите и да разговараат околу текот на откупот за преостанатиот род.

Откупот на тутунот продолжува, неоткупени околу 400 тониВкупно 24.800 тони тутун од реколтата 2010 се преземени до вчера кога и официјално заврши законскиот рок за откуп.

Според Сојузот на тутунските здруженија неоткупени остануваат уште 400 тони тутун. Производителите не се задоволни од просечната цена која достигна 143 денари за килограм, а за нецелосно реализираниот откуп во законски предвидениот рок ги обвинуваат компаниите. Дел од нив не го испочитувале договореното, откупиле помалку од пријавеното, но правеле и калкулации со квалитетот.

- Откупот на тутунот ќе продолжи додека не се преземе целото количество. Откупен ќе биде и родот на оние производители што немаат склучено договори - изјави претседателот на Сојузот, Данчо Милески.

Тутунарите денеска во Министерството за земјоделство треба да се сретнат со откупувачите и да разговараат околу текот на откупот за преостанатиот род. На средбата ќе стане збор и за пријавувањето на производството што веќе е во тек, но им создава проблеми на тутунарите зашто, како што нагласи Милески, постапката е сложена, бара многу време и пари.

Родот 2010 се проценува на околу 25.000 тони.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik